Достапни линкови

Вашингтон ќе ги исплати долговите спрема ООН


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун упати благодарност до Вашингтон поради обновените заложби за зацврстување на улогата на Светската организација. Всушност, Бан ја поздрави американската одлука да ги исплати своите финансиски обврски и долгови спрема Обединетите нации. Оваа организација во светот има 15 мировни мисии и 27 специјални политички ангажмани во кои се вклучени 78 илјади војници, 11 илјади полицајци и над 23 илјади цивили.
XS
SM
MD
LG