Достапни линкови

САД загрижени за ветената руска помош за Абхазија


Американскиот Стејт Департмент изрази загриженост поради ветувањето на рускиот премиер Владимир Путин дека на Абхазија ќе и биде доделена половина милијарда долари воена и друг вид помош. Вашингтон прецизира дека Русија и другите земји во регионот би требало да ги почитуваат меѓународно признатите граници на Грузија. Европската унија ја осуди посетата на Путин на Абхазија, наведувајќи дека тој претходно за тоа требало да побара дозвола од Грузија.
XS
SM
MD
LG