Достапни линкови

logo-print

Десетици загинати во Северен Кавказ


Чеченските власти соопштија дека во вчерашната престрелка меѓу полицијата и милитанти во близина на Грозни загинале четворица полицајци и двајца милитанти. Престрелки имало и денеска при што биле повредени 5 припадници на силите за внатрешни работи. Во соседниот Дагестан пак, вчера биле убиени четворица полицајци и седум жени кога вооружени лица влегле во една сауна. Тројца од напаѓачите биле убиени.
XS
SM
MD
LG