Достапни линкови

Продолжува американската воена обука во Грузија


Соединетите држави ќе ја продолжат воената тренинг мисија во Грузија за подготовка на војниците за операции во Авганистан. Ова го изјави портпаролот на Пентагон Џеф Морел, наведувајќи дека Грузија сака да биде дел од меѓународните сили во Авганистан. Тој додаде дека за оваа тренинг програмата Соединетите држави се консултирале со Русија со цел да биде избегнати евентуалните недоразбирања. Обуката беше прекината по војната меѓу Грузија и Русија во август минатата година.
XS
SM
MD
LG