Достапни линкови

Прием по повод годишнината од Рамковниот договор


Охридскиот договор е и ќе остане знак на политичката мудрост во Македонија и основа врз која ќе изградиме заедничка држава. Тој ни ја отвори можноста да одиме кон една подобра иднина, рече вицепремиерот Абдилаќим Адеми синоќа на приемот во Маврово по повод одбележувањето на осум години од потпишувањето на Договорот. На приемот присуствуваа членови на Владата, преставници на политички партии и на дипломатскиот кор во државава, пратеници. Беше прикажан документарен филм преку кој хронолошки беа претставени придобивките и имплементираните начела од Рамковниот договор. На одбележувањето на годишнината, од потписниците на овој документ присуствуваше само лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
XS
SM
MD
LG