Достапни линкови

САД загрижени поради ветувањата на Путин за воена помош на Абхазија


Американскиот Стејт департмент изрази загриженост поради ветувањето на рускиот премиер Владимир Путин на властите во Абхазија дека Русија ќе им даде околу 500 милиони долари помош за воени и други потреби. Најмногу не загрижува прашањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија, изјави портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули, додавајќи оти Русија и другите земји во регионот треба да ги почитуваат меѓународно признатите граници на Грузија.
XS
SM
MD
LG