Достапни линкови

Женски бокс на наредната Олимпијада


Меѓународниот олимписки комитет, денеска, го запиша и женскиот бокс во листата на олимписки спортови. На состанокот во Берлин, Комитетот одлучи дека натпреварите во бокс во женска конкуренција ќе се најдат на програмата на Олимпијадата во Лондон во 2012. На листата на предлози се најдоа и голфот и малото рагби, кои треба да почнат да се играат на Олимпијадата во 2016. За овие две спорта ќе одлучуваат сите 106 земји членки, на Заседанието на Меѓународниот олимписки комитет во Копенхаген, во октомври.
XS
SM
MD
LG