Достапни линкови

logo-print

Кадиров бара 300 илјади долари за нарушен углед


Московскиот суд одлучи да расправа за парничната постапка во која чеченскиот претседател Рамзан Кадиров ја тужи руската организација за човекови права Меморијал. Адвокатот на Кадиров рече дека му ги доставил на судот сите потребни документи.
Кадиров ја тужи Меморијал, зашто организацијата, на својата интернет страница, го обвини чеченскиот претседател за вмешаност во убиството на нивната активистка Наталија Естемирова во јули. Чеченскиот претседател бара повеќе од 300 илјади долари од директорот на Меморијал, поради направената штета на неговиот углед.
Нема информации, кога ќе почне процесот.
XS
SM
MD
LG