Достапни линкови

logo-print

Јушченко е разочаран од „непријателското“ писмо на Медведев


Украинскиот претседател Виктор Јушченко вели дека е многу разочаран од, како што вели, непријателската природа на критичкото писмо од Рускиот претседател Дмитриј Медведев.
Во отвореното писмо, оваа недела Медведев обвини дека украинското раководство е антируско и ги влошува билатералните односи меѓу двете земји.
Во одговорот на Јушченко, објавен на неговата официјална интернет страница, тој вели дека навистина има сериозни проблеми во билатералните односи меѓу двете земји, но дека е изненаден од тоа што Русија не чувствува никаква одговорност за таквата ситуација.

XS
SM
MD
LG