Достапни линкови

logo-print

Филип Гордон ќе ја посети Белорусија


Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Гордон, в петок, ќе ја посети Белорусија. Предвидено е, тој да се сретне со високи владини претставници, но и со водачи на опозицијата. Гордон е највисок американски дипломат што ќе ја посети Белорусија во последнава година.
Во пресрет на посетата тој рече дека, ако Минск сака укинување на американските санкции, ќе мора да дозволи поголема слобода за опозициските активисти, за медиумите и за невладиниот сектор.
Американските и европски власти, со години го обвинуваат авторитарниот белоруски претседател Александар Лукашенко за затворање на политичките противници, за замолчување на медиумите и за местење на изборите.
XS
SM
MD
LG