Достапни линкови

Кога ќе заврши кризата во Македонија?


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Кризата во Македонија „пристигна“ задоцнето, но според Владата, ќе си „замине“ набрзо, во исто време со остатокот од светот. Експертите со спротивен став, велат опоравувањето ќе трае подолго, а изјавите за економијата ги толкуваат како политика

Најпрвин Македонија не беше во криза, но сега кога и официјално е во рецесија според последните изјави на Владата домашната економија ќе се опорави бидејќи и во светот таа започна да заздравува. Министерот за финансии Зоран Ставревски изјави дека подобрување на домашната економија може да се очекува во третиот квартал оваа година. Додека пак неговиот колега министерот за
Кризата кај нас дојде со половина година доцнење после светот, значи толку ќе треба после тоа за да се почувствува подобрување. До крај на годинава, ние не можеме да почувствуваме ништо спектакуларно позитивно
економија Фатмир Бесими изјави дека заживувањето на стопанството најбрзо ќе се случи на крајот на 2009. Бидејќи кај нас кризата се почуствува шест месеци подоцна отколку во светот, тогаш не може во исто време нашата економија да се опорави вели професорот Ванчо Узунов.

„Кризата кај нас дојде со половина година доцнење после светот, значи толку ќе треба после тоа за да се почувствува подобрување. До крај на годинава, ние не можеме да почувствуваме ништо спектакуларно позитивно, бидејќи светот полека почна да се извлекува, но додека се извлече, додека се покрене економијата, ќе треба подолго време. Годинава ќе биде многу тешка, есента и зимата ќе бидат многу тешки, а се надевам дека првите знаци на заздравување ќе бидат догодина на пролет.“

Во моментов работата оди на подобро, но не мора да значи дека во земјава кризата поминува и дека нема да има повторен пад на производството и пласманот вели Александар Панов од една компанија од металуршкиот сектор.

„Има едно позитивно раздвижување. Не сме сигурни дека нема да има пак уште некој пад, и после тоа очекуваме во наредниот период, наредната година да имаме континуирано зголемување или пак едно сигурно ниво на производство и пласман.“

Професорот Узунов вели дека и во економијата има политика и се додека граѓаните го прифаќаат она што политичарите им го нудат до тогаш тие ќе пласираат информации во јавноста, кои на нив им одговараат.

„Не може една мала економија како Македонија да не е поврзана со светот кога не чини, а е многу поврзана кога чини. Тоа е вештина на големи политики. Се додека има електорат, граѓани на кои се обраќаат, и тие веруваат во тоа, тоа е и легитимно.“

Според последните податоци економската криза во Америка полека стивнува, а Европската индустрија заздравува. Но експертите не очекуваат кризата во Македонија да помине брзо, мали подобрувања велат тие се очекуваат дури наредната година.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG