Достапни линкови

Израел убивал палестински цивили


Организацијата Хјуман рајтс воч објавува дека израелските војници убиле 11 палестински цивили, што имале истакнато бели знамиња, за време на израелската операција во појасот Газа, оваа година.
Во денешниот извештај, организацијата за човекови права вели дека меѓу убиените има и жени и деца. Луѓето биле убиени во седум одделни напади.
Во извештајот се наведува дека, во еден од инцидентите, израелски војник пукал во две жени и три деца што стоеле пред нивниот дом држејќи парчиња од бела ткаенина.
Израел, претходно рече дена нападите врз цивили, биле ненамерни.
Повеќе од 1100 Палестинци загинаа за време на 22-дневната операција во Газа, иако не е точно прецизирано колкумина од нив се цивили. Од ракетите на Хамас, пак, загинаа 13 Израелци, меѓу кои тројца цивили.
Хјуман рајтс воч, претходно, го обвини Хамас за воени злосторства, поради гранатирањето на израелските градови.
XS
SM
MD
LG