Достапни линкови

logo-print

ЕУ - рецесијата при крај


Според денеска објавените податоци, во 16 те земји на Европската Унија кои го имаат еврото за валута, во вториот квартал економијата паднала за 0,1 насто. Во првите три месеци пак падот беше 2,5 насто. Двете најголеми европски економии, Германската и Француската пак забележале раст од 0,3 насто во вториот квартер годинава што е знак дека излегуваат од рецесијата. Тоа е прв пораст од 2008 и е изненадување за аналитичарите кои очекуваа натамошен пад. Статистиката за сите 27 земји членки на ЕУ пак покажува дека падот за периодот Април – Јуни изнесувал 0,3 насто.
XS
SM
MD
LG