Достапни линкови

Нов американски дипломат за Европа и Евроазија


Вашингтон

Вашингтон

Соединетите држави наскоро ќе имаат нов заменик помошник на државениот секретар за Европски и Евроазиски прашања. Тина Кајданов ќе го замени Метју Брајза кој ќе биде амбасадор во Азербејџан.

Стејт департментот се уште официјално не соопшти кој ќе биде негов наследник, но Брајза деновиве изјави дека тоа ќе биде Тина Кајданов, до неодамна американски амбасадор на Косово. Тина Кајданов кариерата како член на американскиот дипломатски тим ја градеше на Балканот. Нејзината поважна функција ја доби за време на претседателот Бил Клинтон кога беше наименувана за директор за Југоисточна Европа во Националниот совет за безбедност на Белата Куќа. По ангажманите во Белград и Сараево, таа во периодот од 1998 до 1999 година му беше специјален помошник на американскиот амбасадор во Македонија Кристофер Хил. Од тогаш нејзините задолженија беа фокусирани врз кризата на Косово. Во јули 2006 година стана шеф на американската канцеларија во Приштина, а две години потоа и прв амбасадор на Соединетите држави на Косово.

,,Таа беше тука во многу критичен момент за Косово. Дојде пред декларацијата за независност и остана една година потоа. Таа помогна во целиот процес, но таа преферираше сето тоа да го прави без публицитет.,,
По ангажманите во Белград и Сараево, Кајданов во периодот од 1998 до 1999 година му беше специјален помошник на американскиот амбасадор во Македонија Кристофер Хил...

Вели Арбана Видишиќи, шеф на бирото на Радио Слободна Европа во Приштина. Според неа, многумина новинари беа разочарани, бидејќи Кајданов тешко давала изјави или интервјуа. Сепак, како што додава, Кајданов не ја ограничувала нејзината работа само на дипломатско ниво, туку го користела своето влијание да им помага на сите на кои тоа им е потребно.

,,Таа исто така многу направи и за српското малцинство. Отвори многу здравствени институции во српските енклави. Луѓето ќе ја паметат како личност која многу им помогна.,,

Вели Видишиќи за скорашниот нов заменик помошник американски државен секретар за Европски и Евроазиски работи Тина Кајданов која до први јуни годинава беше прв амбасадор на Соединетите држави во Приштина.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG