Достапни линкови

logo-print

Идејата за размена на територии штетна за Македонија


Според домашните аналитичари, евентуална размена на територии меѓу Косово и Србија, негативно би се одразила врз Македонија. Оваа идеа, неодамна ја изнесе американскиот конгресмен, републиканецот Ден Рорабакер.

Евентуалната размена на територии меѓу Косово и Србија негативно ќе се одрази врз Македонија, прогнозираат домашните аналитичари. Идејата за размена на територи меѓу балканските држави со што би се стабилизирал регионот, неодамна ја изнесе американскиот конгресмен, републиканецот Ден Рорабакер. Иако официјалните власти на Србија и на Косово ја отфрлија идејата за размена на територии, сепак постојат поединци кои мислат дека кога двете соседни држави меѓусебно ќе се признаат, ќе постои и
Мислам дека се работи за лоша идеја од причина што неможете тој проблем да го лоцирате само во одредени делови на регионот
можност за спогодба околу размена на територии.Професорот Мерсел Биљали вели дека тоа е поединечна идеја која неможе да биде политика на релевантни структури.

„Мислам дека се работи за лоша идеја од причина што неможете тој проблем да го лоцирате само во одредени делови на регионот, тоа е како да ја отворите Пандорината кутија, тоа е своевидна спирала која неминовно се рефлектира и на другите региони.“

Сликата на Косово покажува трка на две тенденции, од кои едната покажува дека србите и албанците можат да живеат заедно, а другата дека се поделени и дека е потребно територијално разграничување, објаснува професорот Денко Малевски. Територијалното разграничување помеѓу нив, ќе предизвика проблеми во Македонија, вели професор Малевски.

„Може да потикне радикални струи кај албанците, значи умерените да изгубат во значење во македонската политика, радикализмот да
Во оној момент кога ќе почнете дебата за тоа, каде е вистинската граница на разграничување меѓу етничките групи на Балканот, ќе видите како лесно се вадат пиштоли и ножеви
добие на цена, и во секој случај западните аналитичари треба да имаат една работа во предвид, било какви делби се врзани со присуство на воени ефективи. Во оној момент кога ќе почнете дебата за тоа, каде е вистинската граница на разграничување меѓу етничките групи на Балканот, ќе видите како лесно се вадат пиштоли и ножеви.“

Затоа треба да се покаже дека мултиетничкиот концепт во Македонија функционира, вели професорот. Коментирајќи ги идеите на американскиот конгресмен, британскиот новинар Тим Џуда, деновиве изјави дека меѓународната зедница во поблиска иднина можеби нема да ја прифати идејата за територијално разграничување, но не се знае што може да се случи за неколку години. Тој вели дека не е проблем само Косово, туку се и Македонија и Босна и Херцеговина.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG