Достапни линкови

Осум години од потпишувањето на Рамковниот договор


Во Македонија денеска се одбележуваат осум години од потпишувањето на Охридскиот Рамковниот договор, со што во 2001-та година беше ставен крај на неколкумесечниот оружен конфликт меѓу македонските безбедносни сили и таканаречената ослободителна народна армија. Свој потпис на Охридскиот договор на 13-ти август пред осум години, ставија лидерите на тогаш најголемите партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП, како и претставници на САД и ЕУ. По тој повод денеска ќе биде отворено основно училиште во Зајас, Кичевско , а потоа ќе има и свечен прием во Маврово во организација на вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Абдилаќим Адеми.
XS
SM
MD
LG