Достапни линкови

Расмусен во посета на Косово


Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен денеска ќе допатува во Косово во прва официјална посета откако ја презеде оваа функција. Предвидено е Расмусен да разговара со командантоот на КФОР, Џузепе Емилијо Гајем, со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и со премиерот Хашим Тачи. Новиот генерален секретар на Алијансата ќе разговара и со клучните претставници на меѓународната зедница и со локалните политички лидери. Расмусен, кој е на чело на НАТО од почетокот на месецов, најави дека за време на својот 5-годишен мандат ќе го намали бројот на мировните сили во Косово.
XS
SM
MD
LG