Достапни линкови

Фудбал: Македонија- Шпанија 2:3


Македонската фудбалска репрезентација синоќа во Скопје загуби од Шпанија со 2:3. Македонија го доби првото полувреме со 2:0, со двата гола на Пандев. Пресвртот гостите го направија во првите десет минути од вториот дел, кога преку Торез, Пике и Риера постигнаа 3 гола. Пријателскиот натпревар со европскиот првак се одигра во националната арена „Филип Втори“ пред околу 25.000 гледачи, како дел од прославата „100 години фудбал во Македонија“, а воедно беше промовирана и новоизградената северна трибина.
XS
SM
MD
LG