Достапни линкови

Во Куманово се градат повеќе станбени објекти, без да се обрнува внимание од страна на инвеститорите за безбедносните прописи со што се загрозува животот на граѓаните.

Централното градско подрачје во Куманово последниве години особено во летните периоди е големо градилиште. Се градат повеќекатници и станбено деловни објекти, но речиси ниту еден од инвеститорите не обрнува внимание на безбедносните прописи, со што им го загрозуваат животот на граѓаните. А кумановци најчесто реагираат тивко, се додека не им дојде преку глава и јавно да ги искажат нивните маки.Така жителите од едната од кумановските улици велат дека градежниот материјал се истоварува на улицата,
Не може да влезе ниту возило на итна медицинска помош, ниту противпожарно. Некни се врати брза помош
нема браници на објектот во изградба, а улицата често пати и по неколку часови е блокирана:

„Најопасна улица. Не може да влезе ниту возило на итна медицинска помош, ниту противпожарно. Некни се врати брза помош.“

„Минатиот пат жена ми со количка оди не можеше да помине. Ни велат: „Хеликоптер ќе земеме да ве префрлиме.“

„Целата улица ни ја раскопаа. Педесет години поминувам тука. Кој е тој фактор да ни ја уништува улицата! Имаме болен човек, а тој од камион ни вели :„Каде е болниот да го земам на раце?“

Жителите од овој дел на Куманово не се противат на изградбата на повеќекатницата. Тие само бараат инвеститорот да си ја преземе
Откако се гради зградата нема никакво обезбедување. Паѓаат тули, греди, паѓа се
одговорноста за безбедноста на граѓаните.

„Земав такси од пазарот. Имам пејсмекер на срцето.Таксито ме остави на половина пат со торби.“

„Откако се гради зградата нема никакво обезбедување. Паѓаат тули, греди, паѓа се.“

„Требаше да одам на работа. Блокирана улицата, поради некои салтанати.“

Од локалната самоуправа велат дека ќе преземаат соодветни мерки доколку градењето не е обезбедено. Тие се повикуваат и на градежната инспекција,меѓутоа кумановци велат дека тоа е за малку верување оти секој објект во изградба е сосема небезбеден за минувачите и соседите.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG