Достапни линкови

logo-print

Ахмадинеџад како Господ?


Конзервативниот ирански свештеник ајатолахот Мохамад Таџи Месбах Јазди, кој се смета за ментор на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, го споредува покорувањето на претседателот со покорувањето на Господ. За агенцијата ИРНА, Јазди изјавил дека „кога претседателот е одобрен од духовниот водач, да му се покорувате нему е слично како да му се покорувате на Бога“.
Иако, опозицијата смета дека јунските избори, на кои победи Ахмадинеџад, биле наместени, врховниот водач, ајатолахот Али Камнеи рече дека Ахмадинеџад „дефинитивно победил“.

XS
SM
MD
LG