Достапни линкови

logo-print

Руската морнарица во потрага по исчезнатиот товарен брод


Руската морнарица почна потрага по исчезнатиот товарен брод, кој има руска посада. Претседателот Дмитриј Медведев и нареди на армијата да направи се што може да го најде бродот и да ја спаси посадата. Бродот што плови под малтешко знаме превезувал дрва. Последен пат бил забележан кон крајот на јули, од португалскиот брег.
Британската крајбрежна стража се сомнева дека бродот можеби е киднапиран. Тие велат дека ако се потврдат ваквите наводи, ќе значи дека за прв пат во модерно време пирати оперитраат и во европските води.

XS
SM
MD
LG