Достапни линкови

logo-print

Расмусен утре во Косово


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, утре доаѓа на прва официјална посета на Косово. Алијансата соопштува дека Расмусен ќе се сретне со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, со премиерот Хашим Тачи, како и со шефот на КФОР, генерал Џузепе Емилио Геј.
При стапувањето на должноста минатиот месец, Расмусен рече дека еден од неговите приоритети ќе биде постепено намалување на силите на КФОР во Косово или нивно целосно заминување.

XS
SM
MD
LG