Достапни линкови

Обама бара ослободување на нобеловката Су Чи


Американскиот претседател Барак Обама побара итно и безусловно ослободување на нобеловката за мир Аунг Сан Су Чи која вчера од судот во Мјанмар беше осудена на дополнителни 18 месеци куќен притвор. Пресудата била затоа што таа ги прекршила правилата на притворот кога во мај годинава во својот дом во Рангун примила еден американец. За ова дело тој е осуден на седум години затвор.

XS
SM
MD
LG