Достапни линкови

Караџиќ: САД ги снабдуваа муслиманите со оружје


Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ тврди дека САД, во договор со другите држави, ги снабдувала со оружје босанските муслимани, за време на војната во Босна и Херцеговина, и покрај ембаргото на Обединетите нации за увоз на оружје, пренесува МИА.
„Истрагата на американскиот Конгерес покажа дека во периодот од 1993 до 1995 година, три пати се воделе дискусии меѓу претставниците на администрацијата на Бил Клинтон и претставници на Стејт департментот за да се побара од Саудиска Арабија, Турција и Пакистан да префрлат оружје на босанските муслимани“, се наведува во поднесокот на Караџиќ доставен до судскиот совет на Трибуналот.
Караџиќ бара од Трибуналот да и наложи на пакистанската Влада да достави документи за шверцувањето на оружје и муниција. Тој тврди дека 6.000 членови на УНПРОФОР го надгледувале и асистирале во шверцот на оружје за босанските муслимани, објави државната новинска агенција.
XS
SM
MD
LG