Достапни линкови

logo-print

Кувајт осуетил напад врз американска воена база


Кувајт соопшти дека осуетил план за напад врз американска воена база, од организација поврзана со Ал Каеда. Министерот за внатрешни работи на Кувајт соопшти дека ги уапсиле сите шестмина членови на ќелијата. Тие, наводно, признале дека подготувале напад врз базата Камп Арифџан и други важни објекти во оваа земја богатата со нафта.
Кувајт е голем сојузник на САД, но исламистичките милитанти во земјата се противат на американското воено присуство и од 2002 година ги напаѓаат американските сили, но и цивилите што работат за нив.
XS
SM
MD
LG