Достапни линкови

Американско беспилотно летало бомбардираше цели во Пакистан


Пакистанските безбедносни власти соопштија дека ракетите, за кои веруваат дека биле испукани од американско беспилотно летало, убиле најмалку осуммина осомничени милитанти во северозападен Пакистан. Нападот се случил во провинцијата Јужен Вазиристан, близу до границата со Авганистан. Тој регион се смета за упориште на пакистанскиот талибански водач Бејтула Мехсуд.
Американските и пакистански власти велат дека го убиле Мехсуд во минатонеделните напади, но не можат да ја потврдат таа информација.

XS
SM
MD
LG