Достапни линкови

Турскиот шеф на дипломатијата пристигна во посета на Ирак


Турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давутоглу пристигна во еднодневна посета на Ирак. Се очекува, разговорите со ирачките власти да бидат посветени на трговијата и на безбедносната ситуација. Давутоглу рече дека Турција подготвила низа предлози за подобрување на соработката со Ирак во различни области, пред се во енергетиката, транспортот и трговијата.
Неговата посета е подготовка за средбата меѓу премиерите на двете држави, што треба да се одржи во Багдад во октомври. Разговорите меѓу Нури ал-Малиќи и Реџеп Таип Ердоган, во октомври, треба да доведат до поголема соработка меѓу двете земји. На разговорите ќе учествуваат и повеќемина министри од двете земји.
XS
SM
MD
LG