Достапни линкови

Почина новинарот Небојша Јаконов


По долго и тешко боледување, денеска во Скопје почина новинарот Небојша Јаконов.
Јаконов е роден во 1955 година. Со новинарство се занимава од средината на 80-тите години во весникот „Вечер“.
Toj e eден е од оснoвачите на неделникот „Пулс“, каде работи од 1991 до 1999 година. Во „Утрински весник“ е од неговиот прв број како уредник на рубриките Живот и Стил. Смртта го затекна на местото помошник на главниот и одговорен уредник на неделникот „Глобус“, каде работеше од неговиот прв број.
Придонесот на Јаконов во македонското новинарство е значаен, особено на полето на конципирањето на уредувачката политика во естетска, содржинска и идејна смисла.
XS
SM
MD
LG