Достапни линкови

И натаму молк за предлогот на Нимиц


Медијаторот Метју Нимиц

Медијаторот Метју Нимиц

Крајот на август е последниот рок до кога Македонија и Грција треба да го достават одговорот на последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името. Експертите проценуваат дека не постои можност за скоро решение на проблемот.

Одговорот на последните модификации на октомврискиот предлог на медијаторот Метју Нимиц, Македонија и Грција треба да го достават до крајот на август. И по еден месец од неговата посета, нема детали во врска со новите идеи. Во македонскиот државен врв повторуваат дека се разгледуваат сите опции, и оти ставот е дека компромисот што ке се постигне не треба да го загрозува идентитетот. Од Кабинетот на претседателот Иванов упатуваат на неговата изјава дека гаранција за македонскиот идентитет се меѓународни норми и обичаи, според кои, за идентитетот на еден народ не може да се преговара, бидејќи тоа е право на самоопределување кое е во сферата и
Нема расположение да се реши затоа што тоа би значело огромна загуба на оние кои што сега се на власт
на индивидуалните права. Екпертите проценуваат дека не постои можност за скоро решение на проблемот. Станува збор за деликатно и сериозно прашање за кое нема располежение да се реши во наредниот период, вели професорот Денко Малевски:

„Нема расположение да се реши затоа што тоа би значело огромна загуба на оние кои што сега се на власт, кои ако не експлицитно, тогаш имплицитно го користеа тоа прашање за да добијат на избори, затоа таква силна политичка ,,кривина“ никој неможе да преземе, без да биде исфрлен од политичкиот пат.“

Аналитичарот Мерсал Билјали очекува до крајот на август да има уште еден предлог кој ке биде финален и з а кој двете стрни треба да се изјаснат. Но според него состојбата не е поволна во полза на решавање на проблемот имајки ја предвид политичјата состојба во Грција:

„Дури и да се прифати некаков предлог, тоа не ќе може да се имплементира. Мнозинството во Грција е плус еден пратеник, а тоа е
Ништо не треба посебно да се очекува од такви најчесто парадни моменти, како што е Генералното Собрание
Караџаферис, што охрабрен од национализмот најверојатно ќе игра на таа карта и понатаму.“

Екперите не навлегуваат во аналзии што би можело да се очекува во анредниот период на мегународен палн доколку не дојде до решение.Новиот генерален секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен во неговото прво обракање во Брисел како нов шеф на НАТО најави дека ке работи за изнаогање решение за спорот за името мегу Атина и Скопје што го попречува приемот на Македонија во Северно атланската Алијанса.По изјаснувањето за предлогот на Нимиц кон крајот на август во спетември треба да се одржи Генералното собрание на Обединетите нации на кое ке присуствуваат и претствници од Грција и Македонија.

„Ништо не треба посебно да се очекува од такви најчесто парадни моменти, како што е Генералното Собрание, кога треба да се прикаже одработеното, а не е тоа време кога се работи нешто.“

коментира Малевски.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG