Достапни линкови

ДПА собира поени со бојкотот на Собранието


Мендух Тачи - Претседател на ДПА

Мендух Тачи - Претседател на ДПА

Ова е главно реакцијата на политичките партии, по најавата на лидерот на ДПА Мендух Тачи дека наредната недела партијата ќе ја бојкотира работата на Собранието. Од ДУИ, СДСМ и Нова Демократија велат дека секоја партија има обврска кон граѓаните да ги исполнува задачите.

ДПА наредната недела ќе ја бојкотира работата на Собранието. најави лидерот на партијата Мендух Тачи. Тој најави и дека на наредната средба со албанскиот премиер Сали Бериша ќе побара неговата земја да и стави вето на Македонија за влез во НАТО. Тој ги повика и ДУИ по нивниот пример да го напуштат собранието. Оваа нивна одлука изјави Тачи не е опструкција, туку превенција за да се спречат лошите работи, кои можат да се случат во иднина. Рафиз Алити од ДУИ не сака да ја коментира постапката на ДПА и вели дека тие имаат обврска спрема граѓаните да ги исполнат своите задачи без притисок одстрана.
Тие се политички субјект, кои имаат своја автономија и нивните одлуки се нивни одлуки, јас мислам дека ние треба да ја сработиме нашата работа, и тоа што се бара од нас


„Па добро јас нема да ги коментирам одлуките на ДПА. Тие се политички субјект, кои имаат своја автономија и нивните одлуки се нивни одлуки, јас мислам дека ние треба да ја сработиме нашата работа, и тоа што се бара од нас.“

Целта на овој потег на ДПА е да покаже дека односите на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ и нивниот коалиционен партнер ДУИ одамна се нарушени вели Гордан Ѓоргиев од СДСМ.

„Јас мислам дека таа најава е главно за домашна употреба, односно порака до коалициониот партнер во владата - ДУИ, во смисла на разбудување на работите дека коалицијата и воопшто односите меѓу ВМРО ДПМНЕ и албанскиот фактор не се на високо ниво и тука има реален проблем веќе подолги години, односот на ВМРО ДПМНЕ кон албанскиот фактор. Мислам дека тоа е едно разбудување на да кажеме политичката борба кај албанците.“

Секоја политичка партија има право на свој став. Но, неможе тој да биде различен, кога таа е на власт или кога е во опозиција вели
Мислам дека тоа е едно разбудување на да кажеме политичката борба кај албанците
Аријанит Хоџа од Нова Демократија. ДПА неможе на ваков начин да ги решава проблемите на сметка на граѓаните вели тој.

„Мислам дека за дневно политички цели, добивање на поени и раснење на рејтинг, не би било добро да се игра со чувствата на граѓаните и да се играат вакви политички игри. Ние сме определени дека сите спорови, односно проблеми ги дебатираме во институциите каде што делуваме.“

Во пресрет на годишнината од потишувањето на Охридскиот Рамковен договор Тачи го повтори својот став дека тој сеуште не функционира.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG