Достапни линкови

logo-print

Албанија - Спречена истрагата на Советот на Европа


Тим истражувачи на Советот на Европа беше спречен од селаните да разговара со семејството Катучи во Албанија во врска со обвинувањата дека српски цивили биле киднапирани и убиени на Косово во 1999 година за трговија со органи. Обединетите Нации открија остатоци од коски, шприцеви и газа, во нивната куќа, но случајот беше отфрлен поради недостиг на докази, кога селаните спречија есхумација на соседните гробишта. Семејството тврди дека не повредило никого.
XS
SM
MD
LG