Достапни линкови

Дваесет затрупани рудари во Словачка


Спасувачките екипи сеуште не успеаја да ги извадат дваесеттемина затрупани рудари во рудник на јаглен во Централна Словачка. Екипите веднаш по вчерашната експлозија ги почнаа обидите да ги најдат евентуално преживеаните, но доосега немаат успех. Рударите пред експлозијата се обидувале да угаснат пожар, а потоа ги изненадила екплозија, која најверојатно била предизвикана од јаглерод моноксид, јавуваат словачките медиуми.
XS
SM
MD
LG