Достапни линкови

Заклучоци од Северноамериканскиот самит


Лидерите на САД, Мексико и на Канада ќе направат заеднички напори за да ја закрепнат економијата и да ја унапредат трговијата. Тие ќе имаат заеднички проекти и во борбата против новиот грип, трговијата со дрога и климатските промени. Претседателите Обама, Калдерон и Харпер изразиле и поддршка на претседателот на Хондурас, Мануел Зелаја кој беше симнат од власт пред повеќе од еден месец. Ова се заклучоците од Северноамериканскиот самит кој се одржува во Мексико. Следниот самит е закажан за 2010-та и ќе се одржи во Канада.
XS
SM
MD
LG