Достапни линкови

Кастро стравува оти САД ќе предизвикаат оружен судир со Венецуела


Долгогодишниот кубански претседател Фидел Кастро изјави дека стравува оти САД, под изговор дека се работи за борба против трговијата со дрога, ќе ги искористат кулумбиските бази кои им се ставаат на располагање за да „предизвикаат оружен судир“ со Венецуела. 83-годишниот Кастро, пред три години, ја напушти претседателската функција поради здравствени причини.
Колумбиските власти преговараат со Вашингтон за американската армија да може да користи седум колумбиски бази во борбата против дрогата и тероризмот. Еквадор, Никарагва, и особено Венецуела ја критикуваа таа идеја.
XS
SM
MD
LG