Достапни линкови

Проекти за заживување на Старо Нагоричино


Куманово

Куманово

Општината Старо Нагоричино во кумановскиот регион каде што се наоѓа мегалитската опсерваторија Кокино и меморијалниот центар АСНОМ започна со спроведување на повеќе научни и туристички проекти за заживување на крајот.

Општината Старо Нагоричино сместена во Козјачко-пчињскиот регион со само околу 5 илјади жители и уште толку викендаши, една е од најмалите општини по населеноста во државава. Богата со културно-историски средновековни монументи, археолошки локалитети и природни убавини по повеќедецениски период застој во развојот претендира да стане регион погоден за научни испитувања,но и како туристичка атракција,се чини повеќе интересна за странците отколку за домашните посетители. Во оваа Општина е и мегалитската опсерваторија Кокино, меморијалниот центар АСНОМ и термалниот извор Стрновац. Иако интересна поради големиот туристички
Од ЕУ е добиен грант од 836 илјади евра за реставрација на црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричино
потенцијал долго време игнориран од државата, годинава локалната самоуправа интензивно се зафати со проекти какви што или нема или малку се во останатите општини.

„Од ЕУ е добиен грант од 836 илјади евра за реставрација на црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричино.“

Вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ и додава дека овој средновековен културно историски и духовен храм ќе си го поврати стариот сјај. Меѓутоа:

„Со Факултетот за земјоделски науки и производство на храната први во Македонија потпишавме договор за испитување на почвата и педолошка карта на општината. Ќе се гради и ботаничка градина најголема од таков вид во овој дел на Балканот, што ќе биде на научна основа и како туристичка атракција.Со шпанска фирма потпишан е договор за изградба на ветерници за производство на електрична енергија.“

Објаснува Јовановиќ и додава дека во тек е разгледување и реализација на нови проекти значајни за заживување на овој регион.За
Ќе се гради и ботаничка градина најголема од таков вид во овој дел на Балканот, што ќе биде на научна основа и како туристичка атракција
краток период обновен е инвентарот и столаријата во основното училиште „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричино, а во тек е и реконструкција на училишната зграда во селото Малдо Нагоричино, со финансиска подршка на УСАИД. Преку Агенцијата за вработување за подобрување на инфраструктурата и за извршување на јавните работи ангажирани се 36 работници.

„Обезбедени се 36 времени вработувања, а воведен е и Олимписки час преку Олимпискиот комитет на Македонија.“

Вели Јовановиќ.
Жителите во оваа Општина сеуште не можат да ги почувствуваат позитивните промени во нивната средина. Тие велат дека е рано да се коментира. Нивните забелешки се дека времето ќе покаже дали оваа многу одамна заборавена општина која миграционите и емиграционите периоди ја испразнија, ќе прерасне во пријатно место за живеење и пристојна егзистенција од земјоделството и сточарството.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG