Достапни линкови

Мендух Тачи ќе побара од Албанија вето за Македонија во НАТО


Пратеничката група на ДПА од идната недела ќе ја бојкотира работата на Собранието, соопштува лидерот на партијата Мендух Тачи. Тој најавува дека ќе побара од Албанија да стави вето на членството на Македонија во НАТО.
„Оваа одлука на ДПА не е опструкција, оваа одлука на ДПА е превенција. Ние мислам дека коректно ја вршиме работата на опозиција и правиме превенција на лошите работи што можат да се случат“, рече Тачи.
Во пресрет на годишнината и прославата од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор Тачи го повтори ставот дека тој е нефункционален и уништен и ја повика ДУИ да ја напуштат Владата за да не бидат соучесници во лошата политика.

XS
SM
MD
LG