Достапни линкови

logo-print

Почна конференцијата за климатски промени на ОН


2000 делегати од 180 земји денеска се собраа на отворањето на Конференцијата за климатски промени на ОН во Бон. Конференцијата во Бон е подготовка за договорот за самитот во Копенхаген кон крајот на годинава, на кој треба да биде усвоен нов договор за спречување на глобалното затоплување, зашто протоколот од Кјото истекува во 2012 година.
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун денеска повика на меѓународна акција за справување со заканите од промената на климата на Земјата. Според него, светот, ако сака да ги спречи катастрофалните последици, има помалку од 10 години за да го запре емитувањето штетни гасови.
XS
SM
MD
LG