Достапни линкови

logo-print

Уапсени ујгурски активисти во Киргистан


Киргистанската полиција уапски двајца водечки ујгурски активисти поради тоа што, без дозвола, денеска во Бишкек, одржале собир на кој го обвиниле Пекинг за „државен тероризам“ во провинцијата Ксинџијанг. На собирот учествувале повеќе од 500 луѓе кои носеле знамиња со слогани на кои пишувало „Слобода за Ујгуристан“.
Во минатомесечните судири меѓу муслиманското ујгурско малцинство и Хан Кинезите, во Ксинџијанг, имаше 200 мртви.

XS
SM
MD
LG