Достапни линкови

logo-print

Иран не сака крајни рокови


Иран соопшти дека нема да прифати меѓународен притисок за утврдување краен рок за нови разговори за контроверзната иранска нуклеарна програма. Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, плус Германија, го поставија септември како краен рок за одржување на разговорите.
Портпаролот на министерството за надворешни работи Хасан Кашкави вели дека Техеран не е против преговори, но дека нема да дозволи светските сили да вршат притисок со крајни рокови.
Државната секретарка на САД Хилари Клинтон, вчера, рече дека Вашингтон нема илузии дека Иран ќе се врати на преговарачка маса и дека нема да чека многу долго на одговор од Техеран.
Иран ги отфрла наводите дека се обидува да создаде нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG