Достапни линкови

ФФМ не смее да легитимира луѓе при замена на билетите за мечот со Шпанија


Собирањето и евидентирањето на личните податоци на луѓето што ги заменуваат билетите за натпреварот Македонија - Шпанија е во спротивност со Законот за заштита на личните податоци, укажува Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Дирекцијата смета дека ваквиот начин на собирање на личните податоци од страна на Фудбалската федерација на Македонија би значело создавање збирка на лични податоци за која не постои законски основ.
Дирекцијата предупредува дека, ако ФФМ ги легитимира луѓето, тие ќе преземат законски мерки, против нив.
Фудбалската федерација на Македонија најави дека денеска ќе почне да ги издава новите билети за натпреварот со Шпанија, како замена за старите влезници кои беа повлечени поради предупредувањето од надлежните органи дека се појавиле многу фалсификувани билети.
Секоj човек, при замената на билетот, според ФФМ, е должен да носи лична карта за идентификација.

XS
SM
MD
LG