Достапни линкови

logo-print

Рафсанџани се повлече од предводењето на петочната молитва


Влијателниот свештеник што ги подржа опозициските протести во Иран, Акбар Хашеми Рафсанџани се повлече од предводењето на петочната молитва, оваа недела.
Портпаролот на координативното тело што ја организира молитвата, за новинската агенција Фарс, изјавил дека Рафсанџани донел таква одлука, за да спречи политичка злоупотреба на настанот.
На неговата проповед во Техеран минатиот месец, Рафсанџани повика на ослободување на затворените демонстранти од постизборните протести. Неговото повлекување од овонеделната проповед доаѓа, откако еден од иранските опозициски лидери Мехди Каруби му испратил писмо на Рафсанџани во кое наведува дека неколку млади мажи и жени, уапсени на претестите, биле силувани во затвор.
XS
SM
MD
LG