Достапни линкови

logo-print

Рамковниот договор (не)поддржан?


Скопје

Скопје

Осум години од потпишувањето на Рамковниот Договор, тој сеуште не ја ужива целосната поддршка од државните институции и предизвикува подделеност меѓу македонците и албанците, велат експертите.

Во скопското село Љубанци беше одбележана осум годишнината од загинувањето на осумте припадници од резервниот состав на МВР. Тие беа убиени кај месноста Љуботенски бачила за време на конфликтот во 2001 година. На нивниот споменик цвеќе положија нивните родинини и пријатели. Почит на загинатите бранители им одаде и делегација на Владата и претставници од генералштабот на АРМ.
Охридскиот Договор во моментов нема кој да го брани. Го бранам јас, го брани Фуере, некои луѓе од надвор, но всушност не го бранат вистински инсистуциите
Три дена по овој настан беше потпишан Рамковниот договор за стабилизација на тензиите меѓу заедниците во земјава и за подобрување на мултиетничкиот соживот. Еден од креаторите на Договорот професорот Љубомир Фрчкоски вели дека и осум години по неговото потпишување македонските инцтитуции сеуште не го подржуваат целосно.

„Охридскиот Договор во моментов нема кој да го брани. Го бранам јас, го брани Фуере, некои луѓе од надвор, но всушност не го бранат вистински инсистуциите. Во еден таков момент најдобар договор може да падне, бидејќи договорот е сепак договор, тој е состојба на политичките вољи во даден момент, гарантиран од странство.“

Според последните анкети 24 проценти од Македонците и 83 проценти од Албанците го подржуваат Договорот. Аналитичарот Жидас Даскаловски од центарот за истражување и креирање политики вели дека проблемот е во најголемите партии од македонскиот блок,
Македонскиот етнос гo следи расположението на главните политички партии, кои што не го промовираат Охридскиот Договор како праведен договор
кои не го промовираат доволно договорот.

„Македонскиот етнос генерално ги следи трендовите во државата и расположението на главните политички партии, кои што пак за жал според мене не го промовираат Охридскиот Договор како праведен договор, туку најчесто го игнорираат дури и во моменти кога државата треба да биде главен промотор на неговата важност во општеството. Значи македонските гласачи во ВМРО ДПМНЕ и СДСМ гледаат пример дека тој Договор не е праведен и дека тој Договор не треба да се почитува.“

Еден од условите за влез на земјава во ЕУ е и целосна имплементација на овој Договор.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG