Достапни линкови

Пари од европски фондови за излез од кризата


Влада на РМ
Влада на РМ

Владата обезбеди пари од европски фондови кои во форма на кредити ќе им ги доделува на домашните приватните фирми за излез од кризата. Според експертите таа мерка сама по себе не е доволна за спас на претпријатијата.

Вбризгувањето пари во економијата само по себе нема им помогне на приватните фирми, тврдат дел од експертите. Според нив, потребно е внимателно да се изберат фирмите на кои ќе им бидат доделени сретства, но потребно е изнаоѓање и на дополнителни мерки за спас на приватниот сектор. Владата обезбеди пари од европски фондови кои во форма на кредити ќе им ги доделува на приватните фирми во земјава, се со цел да им помогне на малите и средни претпријатија да излезат од кризата. Според професорот Џевдет Хајредини таа мерка самата по себе не е доволна за спас на претпријатијата.
Значи оние фирми кои ќе можат да конкурираат, тие значи дека се во релативно добра состојба, а фирмите кои што навистина поради кризата дошле во ситуација да неможат да излезат, не им помага ниту тоа


„Значи оние фирми кои ќе можат да конкурираат, тие значи дека се во релативно добра состојба, а фирмите кои што навистина поради кризата дошле во ситуација да неможат да излезат, не им помага ниту тоа.“

Хајредини додава дека надлежните можат повеќе да му помогнат на приватниот сектор ако се откажат од непродуктивните трошоци:

„Се што досега било бомбастично најавено нема никаков ефект, ниту ќе има. Владата и натаму продолжува парите на граѓаните да ги троши за најнелогични и најбесмислени цели, а не за поддршка на стопанството.“

Јулија Џарова од меѓународната консултантска група „Екосис“, пак, вели дека Владата мора внимателно да ги избере фирмите на кои ќе им бидат доделени европските пари:

„Сигурна сум дека кредитите се секогаш потребни, но се зависи од условите. Парите не треба да се инвестираат во компании кои се веќе многу задолжени бидејки на тој начин во тие компании се создаваат дополнителни проблеми. Но ако парите се инвестираат во здрави компании кои имаат привремени проблеми, тогаш на тие фирми, кои имаат можност за развој, им се помага да преживеат.“
Сигурна сум дека кредитите се секогаш потребни, но се зависи од условите


Џарова смета дека европските пари би биле добредојдени за извозниците, бидејки тие фирми се соочуваат со поголеми проблеми во поглед на пласманот на нивните производи.

„Оние кои произведуваат за домашниот пазар немаат многу голема побарувачка во моментов зарем не? Но, оние кои се извозно ориентирани имаа клиенти во странство. Можеби тие најдобро ќе ги искористат европските пари ако, пак ќе напоменам, кредитите се со поволни услови.“

Инаку, според официјални податоци годинава извозот се преполовува, а трговскиот дефицит надмина 1 милијарда долари. Вредноста на производите што македонските фирми ги пласирале на странските пазари во првите 6 месеци од годинава е за 42 проценти помала од лани.
XS
SM
MD
LG