Достапни линкови

Путин е мој идол


Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров

Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров

Ова во интервју за Радио Слободна Европа го вели претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров. Тој ги отфрла обвинувањата за смртта на активистката за човекови права Наталија Естемирова.

Познатата руска активистка за човекови права Наталија Естемирова во минатиот месец беше грабната пред нејзиниот дом во Грозни, Чеченија. Неколку часа потоа беше пронајдена со куршум во главата. Нејзините колеги велат дека одговорен за нејзиното убиство бил чеченскиот претседател Рамзан Кадиров. Но, тој во ексклузивното интервју за Радио Слободна Европа ги отфрла ваквите обвинувања. Претседателот Кадиров го обвини Западот дека намерно ширел лаги за него и оти единствено за што се грижел е благосостојбата на чеченците. Запрашан каква е неговата програма за обнова на Чеченија тој вели:

,,Јас немам сопствена програма. Ја спроведуваме онаа што ја зацрта татко ми, претходниот претседател Ахмад, со која Чеченија ќе биде најуспешен регион во Русија и во светот.,,

Кадиров наведува дека е само еден од членовите на тимот кој му служи на народот на Чеченија. Во врска со секојдневните насилства таму тој додава:
Градиме џамии и отвораме свети места. На 22 август отвораме Руски исламски универзитет. Но, градиме и цркви и им помагаме на христијаните. Јас сум против исламскиот екстремизам.
...

,,Најголемите насилства во светот се оние на Западот. Луѓето се убиваат во Ирак и Авганистан, Блискиот Исток. Човековите права се целосно сузбиени.,,

Кадиров додава дека во Чеченија, како дел од Русија, се спроведуваат руските закони и оти тој не е надлежен за безбедносните структури во земјата.

,,Шефовите на овие служби се поставени од претседателот на Русија, како што впрочем е случајот и со мене. Како чувар на Уставот се обидувам тие да одговораат пред владата на Чеченија. Но, ние не сме ангели.,,

Во врска со неговата намера за претставување на шеријатското право и во Чеченија, односно дали тоа право е компатибилно со руското Кадиров вели:

,,Градиме џамии и отвораме свети места. На 22 август отвораме Руски исламски универзитет. Но, градиме и цркви и им помагаме на христијаните. Јас сум против исламскиот екстремизам.,,

Запрашан зошто не дозволува независна истрага за убиството на активистката за човекови права Наталија Естемирова, претседателот на Чеченија Кадиров наведува дека нема потреба од тоа и оти во целиот случај, односно со обвинувањата дека тој стоел зад убиството, биле нарушени неговите човекови права.
Претседателот Рамзан Кадиров во разговор со новинарите на РСЕ

,,Зошто Кадиров би убил жена која на никој не му треба. Таа никогаш немала почит или чувство на срам. Ја поставив за шеф на комисијата за граѓанскиот сектор. Сакав да биде објективна. Не бев задоволен од нејзината работа и ја распуштив комисијата. Истрагата ќе покаже дали сум виновен.,,

Во врска со неговите релации со премиерот и со претседателот на Русија Владимир Путин и Дмитриј Медведев, Кадирев вели дека би сакал Путин да биде доживотен претседаел на Русија.

,,Путин е мој идол. Го сакам. Го почитувам. Лично за мене, нема друг како него. Му должам многу, му го должам животот. Сепак, наш претседател е Медведев кој е силен, паметен и чесен политичар.,,

Вели претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров во ексклузивното интервју за Радио Слободна Европа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG