Достапни линкови

Северноамерикански Самит во Мексико


Претседателот на САД Барак Обама пристигнува денеска во Мексико, каде што ќе присуствува на северноамериканскиот лидерски Самит. Обама ќе има разговори со мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон, а канадскиот премиер Стефан Харпер ќе ги придружува двајцата лидери. Подоцна денеска ќе започне тридневниот самит, на кој главна тема ќе бидат проблемите предизвикани од економската криза. Ова е првпат претседателот Обама да присуствува на вообичаената средба на северноамериканските лидери.
XS
SM
MD
LG