Достапни линкови

logo-print

Неделен печат – Брисел реагира за состојбата со медиумите


„Брисел не сака да ги гледа нашите телевизии“ под овој наслов неделникот ,,Фокус„ ја обработува темата за сопственичката структура на македонските ТВ куќи и за политичките влијанија. Од Брисел веќе стигнуваат реакции за состојбата со медиумите.

,,Брисел не сака да ги гледа нашите телевизии,, е насловот на поширокото истражување за сопственичката структура на домашните ТВ куќи и за поврзаноста на нивните сопственици со политичките партии, што редакцијата на ,,Фокус,, го објавува во најновиот број. Политичкото влијание врз медиумите во Македонија е старо колку и нашата транзиција, а врските на нашите медиумски тајкуни со партите отсекогаш си беше домашниот ,,бенчмарк,, за добивање ТВ концесија, пишува ,,Фокус,, застапувајќи ја тезата дека сопственичката структура на телевизиите и политичкото влијание, оттаму, може да стане проблем за нашето приближување кон ЕУ.,,Фокус,, го поткрепува ова со фактот дека и во претходниот извештај на Европската комисија за Македонија постоела забелешка во врска со поврзаноста на македонските медиуми со политичките партии и поради тоа, сомнежот во нивната професионална слобода и објективност. Исто така, ја пренесува и изјавата на евроамбасадорот Ерван Фуере дека лично новинари му се жалат дека се спречени професионално да си ја работат работата, дека многупати досега и сугерирал на Владата оти критицизмот од страна на медиумите мора да го сфати како конструктивен, но, го цитира ,,Фокус,, амбасадорот Фуере, ,,Изгледа Владата се чувствува загрозено ако дозволи јавни дебати и независни медиуми ослободени од политичка вмешаност,,. Неделникот изнесува и интересен податок дека Владата на Никола Груевски е на второ место од десетте најголеми огласувачи и дека лани дала милијарда денари, или нешто повеќе од 17 милиони евра за рекламирање на своите проекти по македонските медиуми, вклучувајќи ги, се разбира, и телевизиите. Во истовреме, ,,Фокус,, потсетува дека тоа се буџетски, односно, пари на граѓаните во Македонија.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG