Достапни линкови

Фармерите и млекарниците даваат различни информации за откупната цена на млекото. Фармерите се жалат дека млекарниците им го откупуваат млекото за само десет денари за литар, додека од Битолската млекарница велат дека цената е повисока.

Откако фармерите ја изгубија надежта дека ќе се рестартира „Сведмилк„ и се затрупаја во килници неоткупено млеко, немаа друг излез освен да преминат под капата на Битолската млекарница. Се работи за 500 сточари од битолскиот регион, поранешни кооперанти на шведската млекарница, кои сега млекото го предаваат во „ИМБ“. Фармерите и млекарницата даваат различни информации за тоа по која цена се откупува литар свежо млеко. Сточарите се жалат дека млекарницата ги уценува со ниска откупна цена не повисока од 10
Катастрофа сум со млекото, по 10 денари, навистина смешно е, па дури ми е срам и да зборувам
денари, кога ќе се одземе персоналниот данок.

„Катастрофа сум со млекото, по 10 денари, навистина смешно е, па дури ми е срам и да зборувам. 25 денари да биде и не ни требаат субвенции, нека им ги дадат на млекарниците.“

„Ни го проценуваат како најлоша класа, за да не казнат и да ги земат парите назад. Го откупуваат 13, минус 3 денари, доаѓа 10 денари. Петта класа на млеко и вода ни наоѓаат, а со вода ни ѓумовите не ги миеме повеќе.“

„Со мој лактофризер, цената на млекото за јули е 10,19 денари со се данок. За 9 денари не потпишувам договор со млекарницата. Ако сакат нема ме избркаат.“

велат фармери од битолското село Могила.
Менаџерите на Битолската млекарница со поинаква приказна. Велат дека не вршеле никакво уценување на сточарите и дека откупата цена на млекото е повисока.

„Кравјото млеко зависно од квалитетот се плаќа помеѓу 14 и 20 денари, 20 денари за најдобрите фарми. Во битолскиот регион сите фармери ги зедовме од „Сведмилк“. Едноставно на луѓето мораше да им се помогне, а тоа да биде бенефит и за млекарницата и за нив.“

вели Предраг Цветковиќ, менаџер во „ИМБ“.
Од млекарницата соопштуваат дека планираат да ги зголемат количините за откуп зашто компанијата извозно е ориентирана.
Кравјото млеко зависно од квалитетот се плаќа помеѓу 14 и 20 денари, 20 денари за најдобрите фарми


„Цената варира во зависност од квалитетот, ние со нашите кооперанти развиваме партнерски односи, не уценуваме никого, сакаме да го развиваме нашиот бизнис. Се надевам дека цената ако варираше годинава, во иднина нема да варира така, ќе имаме постабилни услови на работење, така што и млекарите ќе можат да инвестираат во растот на производството.“

вели Роко Водопија, менаџер во „ИМБ“.
Фармерите со години наназад се сооучуваат со млечни кризии и ниски откупни цени. Дури ни влезот на странскиот капитал не ја промени ситуацијата.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG