Достапни линкови

Почнува самитот на северноамериканските лидери


Американскиот преседател Барак Обама вечерва заминува за Мексико, на неговиот прв самит на сeверноамериканските лидери. Обама, канадскиот премиер Стивен Харпер и мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон се среќеваат во Гвадалахара на дводневни разговори посветени на трговијата и на заканите од мексиканските банди на дилери со дрога.
Се очекува, Канада и Мексико да го притискаат Обама за протекционизмот во планот за стимулирање на економијата на САД.
XS
SM
MD
LG