Достапни линкови

Фуере: Не треба да се преувеличуваат проблемите меѓу Македонија и Бугарија


Не треба да се преувеличуваат проблемите меѓу Македонија и Бугарија, како што е случајот со гевгеличанката со двојно државјанство Спаска Митрова, смета евроамбасадорот Ерван Фуере. Тој смета дека со билатерални разговори меѓу двете влади, ова прашање може да се реши.
„Верувам дека со размена на информации и разговори помеѓу владите во Софија и Скопје ова прашање ќе се реши и ќе се надминат проблемите помеѓу двете држави“, изјави денеска Фуере, во Охрид.

XS
SM
MD
LG