Достапни линкови

logo-print

Пакистанските Талибанци негираат дека имале меѓусебна престрелка


Водачот на пакистанските Талибанци Вали ур Рехман, во изјава за агенцијата Ројтерс, демантира дека имало престрелка меѓу него и неговиот соперник Хакимулах Мехсуд.
Претходно пакистанскиот министер за внатрешни работи Рехман Малик рече дека добил информации според кои меѓу двајцата противкандидати за лидер на пакистанските Талибанци избила престрелка во која едниот од нив загинал.
Рехман за Ројтерс изјавил дека и неговиот соперник Хакимулах Мехсуд е жив.

XS
SM
MD
LG